Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хонорарците утре излегуваат на улица

Хонорарците утре излегуваат на улица

Хонорарците кои се против новите Законски измени за плаќање на придонеси утре ќе излезат на протести.

Тие бараат целосно да се  повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување и Да се повиши или укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата кои сега изнесува 6 просечни плати.

Протестот е закажан за во 14 часот а се предвидува да започне од Жена парк кон Собрание потоа Министерство за труд и социјална политика до Влада и ќе заврши на Слободна студентска зона УКИМ.

Имено, на вчерашната седница Собранието ги донесе трансформациите за новите Законски измени за редовно вработување на волонтери, на оние кои во некоја државна институција досега работеле со договори на дело или авторски договор. Законот вклучува над 3 илјади лица кои работеле хонорарно или како волонтери најмалку 3 месеци, до крајот на 2014 година.

Слично

Поврзани вести