Хонорарците протестираат со прашања пред Министерството за труд
Група хонорарци во моментов во Министерството за труд и социјална политика преку поднесување барања за информации од јавен карактер протестираат против законски измени за плаќање на придонеси, јавува НОВА. Хонорарците се од различни сектори.
„Тука сме да го прашаме ресорното Министерство, дали ако три дена работам како хонорарец, платениот данок ќе ми овозможи здравствено осигурување само за тие три дена или за цел месец“, вели Дејан Лутовски од Левичарското движење „Ленка“.
За Здравко Савевски од „Солидарност“ законот е противуставен, додека претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис најави дека реакциите на хонорарците ќе продолжат.
Хонорарците најавија протест пред Министерството за следната недела, на петок 13, бидејќи сметаат дека црниот петок е соодветен пример за тоа колку е се црно во Македонија.
Слично
