Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хонорарци: Обидите на Владата се козметички обид да се замачка реалноста!

Хонорарци: Обидите на Владата се козметички обид да се замачка реалноста!

Денешниот втор протест на хонорарците заврши пред УКИМ каде поради безбедност на студентите беа спуштени нивните транспаренти.

Дел од толпата влегоа на факултетите каде им дадоа поддршка на студентите а додека пак тие им возвратија нагласувајќи им да продолжат во својата борба и истрајност.

Потписниците на Повелбата за солидарност на протестот велат дека протестирараат против лошите закони кои ги носи оваа влада! Против манипулациите, против игнорирањето, против лагите и лажните ветувања!

Со последните законски измени, кои Собранието ќе усвои пред два дена на барање на владеачката партија ВМОР-ДПМЕН вработените ќе плаќаат придонеси на сумите кои се повисоки од просечната плата (21.300 денари), додека невработените придонеси ќе плаќаат на разликата од својот хонорар и  минималната плата (9.590 денари).

Хонорарците порачаа дека овие обиди на Власта се само козметички замачкувања на суровата реалност!

honorarci

(ФОТО: Фејсбук)

Слично

Поврзани вести