Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хонг Конг го надмина и Лондон - Богаташите трошат милиони за скапи станови

Хонг Конг го надмина и Лондон - Богаташите трошат милиони за скапи станови

Хонг Конг според најновата статистика на аналитичката куќа Christie’s International Real Esta го надмина Лондон кога се во прашање најскапите и најлуксузните недвижности. Во 2016-та биле извршени дури четири купопродажби вредни поединечно над 100 милиони долари.

Хонг Конг станува главна дестинација за богата кинеска елита на нови милионери и милијардери кои не штедат пари кога се во прашање скапи куќи или луксузни апартмани, па така вредноста на недвижностите за прв пат по подолго време го надминаа секогаш скапиот Лондон.

Британската престолнина падна на второто место поради намалените инвестиции во недвижнини по референдумот за излез од Европската Унија како и порастот на данокот на имот. На третото место е Њујорк со секогаш скапите имоти на Менхетен, Челси и другите луксузни населби.


Слично

Поврзани вести