Економија, финансии, бизнис

Контакт

ММФ задоволни од инвестициските можности, но не и од македонските патишта

ММФ задоволни од инвестициските можности, но не и од македонските патишта
Пообрувањето на инфраструктурата е клучно за привлекување инвеститори во Македонија, смета шефицата на ММФ, Ивана Владкова Холар, која денеска се сретна со министерот за економија Ваљон Сарачини. Според Холар, патната инфраструктура е важен фактор за поврзување на бизнисите со регионот и пошироко.Во останатите сегненти, таа смета дека инвеститорите се задоволни од можностите за инвестирање што се нудат во Македонија. „Важно е да се знае каков е односот на домашните снабдувачи со инвеститорите, бидејќи според нив, што поголемо користење на домашни услуги и домашни производи и опрема во нивното работење ќе придонесе повеќе да се фокусираат на користење на домашните потенцијали, кои несомнено ги задоволуваат потребните критериуми и стандарди. Инвеститорите истакнаа дека нивното учество во Република Македонија придонесува кон намалување на невработеноста, но клучно прашање на кое е битно да се работи е подобрување на патната инфраструктура, за поврзување на нивниот бизнис со регонот и пошироко“, рече Владкова Холар на средбата. За министерот Сарачини, важное тоа што Владата и Министерството за економија се насочени кон натамошно олеснување на постапките за инвестирање и спроведуваат реформи во трговската политика и во рударскиот сектор во насока на кратење рокови за доделување нови концесии и обнова на неактивираните рудници, како и за покуси рокови за добивање на дозволи за градба на енергетски капацитети. Тој се пофали за растот на странските инвестиции и најави дека доо крајот на 2013 се очекува да достигнат до 200-250 милиони евра. Во делот на инфраструктурата најави дека е почната работата на патните коридори 8 и 10, но и на нови патишта, како дел од Програмата на Владата на Република Македонија до 2015 година. „Во делот на снабдувањето со електрична енергија во наредниот период се очекува следниот чекор на отварање на пазарот на електрична енергија, при што потрошувачите самостојно ќе можат да изберат свој снабдувач со електрична енергија. Македонскиот електропреносен систем е добро воврзан со соседните системи, како што се Косово, Грција, Бугарија, а во текот на 2015 година се очекува да биде пуштен во употреба новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод со Србија, додека во подготовка се активности за изградба на нови 400 киловолтни интерконективни далекуводи со Албанија и Косово. Во однос на малите хидроелектрични централи во досегашниот период доделени се 70 локации за изградба на мали хидроцентрали, што претставува инвестиција од 100-120 милиони евра, истакна Сарачини.
Слично

Поврзани вести