Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОЛАНДСКИТЕ ДЕЦА ВО НИВНИТЕ „ЛУТИ МАШИНИ“ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА ПРОТЕСТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Блокадите уште позасилени

ХОЛАНДСКИТЕ ДЕЦА ВО НИВНИТЕ „ЛУТИ МАШИНИ“ СЕ ПРИДРУЖИЈА НА ПРОТЕСТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Блокадите уште позасилени

Децата во Холандија најдоа нивни начин да ги поддржат земјоделците во протестите против зелените политика на земјата. Седнаа во нивните „лути машини“, трактори, багери и камиони и ги следеа постарите.

Холандските фармери, лути од владините планови кои можеби ќе бараат од нив да користат помалку ѓубрива и да го намалат добитокот, започнаа протести со блокирање на дистрибутивните центри на супермаркети во неколку градови.

Денеска им се придружија и најмладите, а сликите од колоната го обиколија светот.

Аеродромот Шипхол во Амстердам и KLM, холандскиот огранок на Ер Франс, ги советуваа патниците да користат јавен превоз наместо автомобили за да стигнат до аеродромот, бидејќи групите земјоделски активисти објавија на социјалните мрежи дека планираат да ги блокираат патиштата со трактори. Мал сообраќаен метеж е регистриран на автопатите на истокот од земјава и на траектите на северот.

Во фокусот на протестите се целите донесени минатиот месец за намалување на штетните азотни соединенија до 2030 година, последниот обид за справување со проблемот што ја мачи земјата со години. Владата наведе дека е неопходно да се намали емисијата на азотни оксиди од ѓубривата на земјоделските фарми и употребата на амонијак во вештачките ѓубрива, како и да се намали сточниот фонд за 30 отсто. Одгледувањето крави, свињи и други животни ја направи Холандија водечки емитер на штетни материи во Европа.

За емисијата на штетни материи придонесуваат и градежништвото и сообраќајот. Холандските и европските судови и наложија на холандската влада да го реши проблемот. Земјоделците тврдат дека неправедно се издвоени, поради што го критикуваат пристапот на власта. Протестот е поддржан од бројни групи земјоделци, но не е централно организиран.



ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести