ХОЛАНДИЈА СО ПИСМО ДО ЛИДЕРИТЕ: Условите за фер избори не се исполнети!
Уште една потврда дека избори на 5 јуни не се возможни.
Овој пат таа пристигна од Холандија.
Имено, како што јави 24 вести Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс до лидерите потписници на Договорот од Пржино испратил писмо во кое отворено изразил загриженост од сериозноста на состојбата во земјава.
Коендерс во писмото констатирал дека не исполнети минмимун уловите што ги испораачаа ЕУ и САД во јануари за избори а тоа се чист избирачки список, медиумски реформни и одвојување на партијата од државата.
„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од пржинскиот договор кој не смее да пропадне за дмократската иднина на Вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“ пишува Коенденс.
Понатака во писмото, Коендерс бара повлекување на одлуката на претседателот Иванов за аболиција на функционерите од власта и опозицијата и бара овозможување на Специјалното јавно обвинителство без опструкции и пореметувања да ја исполни докрај својата обврска, напоменувајќи го значењето на оваа институција како клучна за решавање на политичката криза и враќање на довербата на граѓаните.
