Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандија произведува велосипеди во Србија?

Холандија произведува велосипеди во Србија?
Сопственикот на холандската компанија Mega bike, која се занимава со продажба на велосипеди покажа интерес своето произвотство да го прошири во Србија. По обиколката на фабриката за произвотсво на велосипеди  "Planet bike" во Србија со која оваа компанија соработува повеќе години, Ендру Фортан изјавил дека е задоволен од она што оваа фабрика може да го понуди и најавил проширување на соработката. Според директорот на  "Planet bike“ Ѓорге Мирчиќ овие две компании во иднина би можеле заедно да инвестираат во проширување на капацитетите, во изградба на нова фабрика,  нова опрема за што е потребно околу половина милион евра. -Нивниот впечаток е дека со квалитетот можеме да бидеме конкуренција, додека работната сила е многу поевтина, отколку во земјите на ЕУ, затоа е и нивниот интерес да влезат овде, изјавил  Мирчиќ. Тој додал дека на  "Mega bike" годишно им се потребни околи 200.000 велосипеди, но нивната фабрика сега  го нема тој капацитет на производство, но нагласи дека инвестицијата може да се релизира на почетокот на 2014-та година. -Оваа година за Холандија ќе извеземе најмалку 10.000 велосипеди, вели Мирчиќ. Компанијата "Planet bike“ која во Крушевац отворила погон во 2007-та до сега има вработено 67 луѓе, а годишно произведува 40.000 велосипеди.
Слично

Поврзани вести