Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хојт Ји се надева дека избори ќе има најдоцна до 2017

Хојт Ји се надева дека избори ќе има најдоцна до 2017

Високиот функционер во Стејт департментот, Хојт Ји за Гласот на Америка  вели дека САД и ЕУ ќе продолжат со поддршката за надминување на кризата во Македонија.

Веруваме дека поважно е да се спроведат реформите, да се создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори, отколку да се одржат избори по секоја цена, изјави тој.

„Во соработка со ЕУ и другите партнери на Македонија, ќе вршиме голем притисок, да и помогнеме на Владата и на политичките партии да ги најдат потребните решенија, без оглед дали тоа е како да се повлече аболицијата за официјални лица осомничени за корупција, како да се создаде подобра состојба за медиумите, преку усвојување на закони за медиумски реформи, или тоа да биде преку почитување на работата на СЈО. Сметаме дека во тој процес може да го споделиме нашето искуство, идеи за овие институции и реформи да навремено да функционираат. Се надеваме дека избори ќе има што е можно поскоро, најдоцна до 2017-та“ - вели тој.

Ако политичките партии ја завршат својата работа, работата за која и се избрани од граѓаните на Македонија, тогаш ќе ја имаат нашата поддршка, додава Хојт Ји.

Слично

Поврзани вести