Хојт Ји ќе се сретне со претседателот Иванов
Заменикот помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, попладне ќе се сретне со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Потоа Ји ќе има средба со лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи.
Изјава за медиумите Ји ќе даде утре. И германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл утре ќе дојде во Скопје, и ќе се сретне со партиските лидери.
Пристигнувањето на двајцата се толкува како дипломатскиот притисок за решавање на политичката криза.
Слично
