Хојт Ји бара Владата да се справи случајот „прислушување“
Хојт Ји, Американскиот заменик помошник државен секретар, го повтори апелот до Владата , да ги следи евроатланските принципи и на европски начин да се справи со случајот „прислушување“, а во ист момент ја охрабри опозицијата да се врати во Собранието и да помогне да се разреши целата оваа криза.
Тој напоменал за поддршката на САД за Македонија во членството кон НАТО и ЕУ и дека со големо внимание и загриженост ја следат политичката криза која веќе неколку месеци ја дрма јавноста и регионот.
Ји говореше на седница на Комисијата за надворешни работи на американскиот Претставнички дом во средата вечер, заедно со Сузан Фриц, раководител на одделението за Европа и Евроазија на агенцијата УСАИД.
– Ги поддржуваме аспирациите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Во последно време ние и нашите европски партнери со загриженост ја следиме политичката криза во Македонија поврзана со објавувањето на прислушувани материјали од страна на лидерот на опозициската партија. Ја повикуваме Владата да се справи со прислушуваните материјали на начин кој ја покажува посветеноста на евро-атланските принципи. Ја охрабруваме опозицијата, која во моментов го бојкотира Собранието, да се врати во тоа тело и да помогне да се разреши кризата. Загрижени сме и за растечките разлики меѓу етничкото македонско малцинство и етничката албанска заедница. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија останува важна за да се постигне траен мир и стабилност во регионот. Со новата Владата во Атина, ги потикнуваме двете страни да постигнат заемно прифатливо решение на таканаречениот спор за името кој го блокираше напредокот на земјата во евроатланските интеграции, изјави заменикот помошник државен секретар.
