Хоџа: Не ни размислуваме да го повлечеме предлогот за продажба на државно земјиште
Арјанит Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека завршила расправата во јавноста за Законот за продажба на државно земјоделско земјиште и дека истиот нема да биде повлечен.
Според законскиот предлог, вената ја утврдува Владата, а не може да биде пониска од 0,30 евра по метар квадратен ниту повисока од 1 евро по метар квадратен, стои во првичната верзија.
- Мислам дека нема да има никаква потреба од тоа, не ни размислуваме да го повлечеме предлогот, бидејќи цениме дека тоа е закон што ќе допринесе многу во развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот и инвестициите, рече Хоџа.
Министерот рече дека во иднина ќе се организираат уште две до три јавни дебати каде што ќе бидат присутни засегнатите страни по региони и потоа прочистеното решение ќе ги продолжи процедурите во Собранието.
