Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хоџај: Србија и натаму финансира нелегални структури

Хоџај: Србија и натаму финансира нелегални структури

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај синоќа на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Србија дека продолжува да ги финансира илегалните безбедносни и полициски структури на северот на Косово, јави Танјуг.

Тој во говорот пред највисокото тело на светската организација оцени дека Косово е фактор на мирот и стабилноста во регионот, а дека ситуацијата на северот останува напната и полна со предизвици поради илегалните структури кои таму се наоѓаат.

- Србија ја води, контролира и ја финансира илегалната полицијата и паравоените структури на тоа подрачје, рече Хоџај, додавајќи дека целта на тоа е „дестабилизација на Косово“.

Тој се заложи за продолжување на дијалогот со Белград, оценувајќи дека во заеднички интерес е да се затвори мрачното поглавје на историјата, во кое, според него, Албанците преживеале тежок период и апартхејд.

Слично

Поврзани вести