Економија, финансии, бизнис

Контакт

H&M со пад на продажбата: Колку потона шведскиот гигант?

H&M со пад на продажбата: Колку потона шведскиот гигант?

Профитот на шведската куќа H&M во четвртиот минатогодишен квартал паднал на 3,99 милијарди круни (506 милиони долари) од 5,91 милијарди круни од истиот период во 2016та.

Продажбата паднала за два отсто на 50,4 милиони круни (6,4 милиони долари) бидејќи „промените во индустријата донеле предизвици и таквата ситуација ќе продолжи и во 2018-та“ се наведува во соопштението на H&M.

Извршниот директор на компанијата Крал Јохан Персон изјавил дека „во фокус е трансформацијата на H&M во дигитализација“ и дека перформансите на компанијата во 2017-та биле „мешовити“ поради „потешкотии“.

Во изминатите неколку недели, шведската компанија е обвинета за расизам поради рекламни фотографии на црно момче во дуксер со натпис „Најдобар мајмун во џунглата“(Coolest monkey in the jungle), за што компанијата се извини и ја повлече спорната реклама.

Слично

Поврзани вести