Хит бизнис во Хрватска - Спакувана ракија со различни вкусови
Хрватот Златан Ребец смислил одличен бизнис за пакување на мали количини на ракија со интересни вкусови и слогани. Тој поседувал машини за пакување на влажни марамчиња, но во текот на зимксата сезона продажбата му одела слабо, па добил идеја да продава ракија во истите пакување.

Ракијата ја набавува од својот пријател Игор Магдиќ и ја продава како сувенир. Пакетчињата содржат разни видови ракија – од вишни, боровинки, сливи, од круши и специјалната „мајмунска” – од банани.
Засега пакетчињата можат да се купат во Загреб, Дубровник и Сплит, но производителот преговара и за пласман во Австрија и Германија, поточно во ски центрите, каде што џебната ракија е веќе тестирана.
Слично
