ХЕЦ „Шпилје“ работи со полна пареа: За два месеци испорача над 51 милион KWh струја
Хидроцентралата Шпилје продолжува да го следи ланскиот тренд во однос на производството на електрична енергија.
Само во последните два два месеци оваа хидроцентрала испорачала над 51 милион квч електрична енергија и ја реализираше прогнозата од околу 20 одсто.
ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар заедно со „Глобочица“ кај Струга, го сочинуваат Црнодримскиот Слив.
Од ЕЛЕМ посочуваат дека дотокот на вода во езерото од реките Радика и Црн Дрим, но и од неколкуте реки од Жупа кои се влеваат во Дебарското езеро изнесува над 60 метри кубни вода во секунда додека резервите на вода во дебарското езеро за производство на електрична енергија изнесуваат над 32 милиони киловатчасови електрична енергија.
Во Шпилје лани биле произведени 314 милиони киловатчасови електрична енергија
