Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хервиг ван Стаа:Се надевам дека изборите во Македонија ќе поминат без проблеми

Хервиг ван Стаа:Се надевам дека изборите во Македонија ќе поминат без проблеми

Претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Европа, Хервиг ван Стаа се надева дека локланите избори во Македонија ќе поминат добро, со оглед на тешкотиите кои беа констатирани од делагцијата на Конгресот на политички и етнички план во земјата.

- Ќе се обидам да ја посетам Македонија за да се информирам за случувањата. Доаѓам од Австрија и процесот што се случува последниве години на Балканот ме интерсира, вели Ван Стаа.

КЛРВСЕ, нагласува, ќе испрати своја делегација, која ќе ги следи изборите во Македонија, а нејзиниот извештај се очекува со големо внимание во Стразбур.

- Одблиску ќе ги разгледам извештаите кои ќе ни бидат донесени од набљудувачите на изборите. Мислам дека е важно да му се покаже на населението дека Конгресот и Советот на Европа се интерсира за неговиот демократски развој во нивната земја – Македонија, посочи Хервиг ван Стаа,

Во однос на контекстот во кој се одржуваат овие локални избори во Македонија, претседателот на Конгресот за локланите и регионалните власти на Советот на Европа, вели дека Македонија не е единствената земја во Европа во која има тешкотии, како на политички план, така и со малцинствата.

- Се надевам дека резолуциите и препораките кои беа усвоени последниве години ќе бидат корисни за Македонија. Исто така, се надевам дека изборите ќе поминат без тешкотии, изјави Хервих ван Стаа.

Слично

Поврзани вести