ХЕРОИ ЗА ХЕРОИТЕ: Да им помогнеме на мигрантите!
Измените на Законот за азил брзо се шират помеѓу мигрантите. Влеваат надеж дека веќе од утре ќе можат полесно да транзитираат низ земјава до посакуваната дестинација. Но на терен сеуште река од бегалци со маки поминува низ македонските патишта, кој како ќе се снајде.
Нивниот живот е полн со неизвесност –велат граѓаните кои безусловно им помогнале, но со искрени и хумани намери. Валентина Ѓорѓиевска од Куманово е една од нив. Вели боли судбината на невините луѓе со кои си поиграл животот. Таа едноставно неможела немо да ги гледа нивните маки, кога со крвави нозе, изнемоштени и дехидрирани молеле за помош. Деновиве, додава Валентина во Куманово е помирно, бидејќи со најавата за новите измени на Законот за азил, мигрантите добиваат нова можност побрзо и полесно да стигнат до саканата дестинација- во некоја од западно европските земји.
“Страотна беше глетката кога цели групи доаѓаа во градот. Уплашени, изнемоштени и гладни. Со неколку соседки веднаш донесовме храна и вода, прва помош, се она што ни се нашло по дома. Во првите моменти бев во шок, ме преовладуваа емоции, се соживував и плачев, особено за семејствата со мали деца. Потоа размислував само како да помогнам на повеќемина. Кому со храна, кому со облека, ќебиња. Неможам да ја опишам радоста кога се смирија и сватија дека се на безбедно, барем за кратко”-раскажуваВалентина Ѓорѓиевска.
Во џамијата во Куманово која била главното прибежиште на мигрантите, било претесно да се соберат сите кои барале помош. Многумина ноќите ги минувале надвор, под ведро небо. Валентина вели дека често останувала до доцна во ноќта, за да може да помогне. Интересно е според неа што голем број од бегалците одлично го владееле англискиот јазик, па оттука им било полесно да комуницираат. Најинтересни за неа биле децата, кои со нескриена радост за помошта им делеле прегратки на хуманите граѓани.
“Зачудувачки е колку лесно маката може да ги спои луѓето. Ги чувствував како свои блиски. Имаше мигранти кои од страв не сакаа ниту да влезат во градот, па моравме неколку жени да отидеме горе на излезот да им однесеме храна и лекови. Неможам да не споменам дека имаме помош и од мобилните екипи на Црвениот крст, хуманитарни организации и локални жители кои несебично помагаат да им се олесни овдешниот престој. Понатаму, како ќе биде незнам, но среќна сум што успеав да видам радост во нечии очи, да помогнам и мирно да спијам дека сум подала рака на овие луѓе, за кои неможам со зборови да ја опишам маката која ја минуваат”-додава Валентина.
Желбата да се помогне е исто толку силна и кај учителката Емине Куртиши. Таа како и Валентина е меѓу најревносните жени кои секојдневно се во џамијата. Деновиве велат заминале неколку групи, но има новодојдени. Подготвуваат топла храна, сендвичи, делат обувки и облека помеѓу мигрантите. Емине вели дека овие десетина дена таа живее нов живот, исполнет со многу емоции, тага но и радост дека барем некого за момент успеала да го усреќи. Овде вели човек неможе да биде рамнодушен, бидејќи ќе попушти пред солзите на децата и молбите на луѓето кои со една торба заминале во потрага по подобар живот.
“Јас уште кога ги видов првите групи веднаш дојдов со ќерка ми, донесовме што имавме од дома, потоа ми се приклучија комшиките, па некои колешки. Најкритично е со бебињата и малите деца, бидејќи повеќето од нив се настинати и болни. Мојот сопруг кој работи во болницата ги носеше на инфузија или да им се пружи дополнителна медицинска помош. Волонтираме 24 часа”-вели хуманитарката Емине.
Учителката раскажува дека деновиве како никогаш досега помош доаѓа од сите страни, без верски, религиозни или национални поделби. Нема наши-ваши, објаснува Емине.
“Заедно подготвуваме се. Секој работи што ќе стигне. Некој готви, некој ги сместува новодојдените бегалци. Трети ги носат до продавница, болница или во менувачница како придружба. Жал ми е што на нивните маки има луѓе кои сакаат да профитираат, но имаше и такви немили случувања. Им ги купуваат точаците за 30, 40 евра, а им ги продавале трипати поскапо. Дополнително имаше и нападнати, ограбени, тепани-просто човек да се срами од такви сурови луѓе. Се надевам дека ќе проработи човечноста, зарем тие луѓе сакаат да им поминува животот така? Никогаш неможам да го заборавам едно момченце од Сирија кое секој ден седеше во еден ќош, одбиваше да се премести, ако му дадевме храна ќе земе, ако не цел ден ќе седи на истото место. Се прашувам под каков стрес е тоа дете, што се поминало и видело додека да стигне до овде? Страотни се глетките, но мора да истраеме. Кога овие луѓе успеале и наоѓаат пак сила да се несмевнат, да се заблагодарат-тогаш мораме и ние да бидеме силни”-вели Емине Куртиши.
Двете хумани жени секојдневно се трудат да им го олеснат животот на стотици мигранти чие патешествие поминува и низ нашата земја. За нив нема цена хуманоста и подадената рака бидејќи само така велат ќе си докажат себеси и на светот дека во македонската, албанската, турската, ромската и секоја друга жена има храброст, желба и хуманост да помогне во најтешкото. Мотив им дава и притисокот на граѓанскиот сектор кој го изнесе проблемот на површина и успеа да издејствува надлежните да направат законски измени и да превземат конкретни мерки, а не само декларативни заложби. Сега државата велат нема алиби да не им помогне на овие луѓе, туку има законска обврска да делува и да им го олесни движењето низ земјава.
С.Б.

Слично