ХЕРОИ МЕЃУ БЕГАЛЦИТЕ: Како да се спречи хуманитарна мизерија?
Хуманитарката Габриела Андреевска со месеци е помеѓу мигрантите. Вели поради се поголемиот прилив на мигранти помошта никогаш не е доволна, а ниту човечките ресурси кои им се повеќе од потребни на хуманитарните организации. Ги повикува младите луѓе да се вклучат во некоја од нив за да пакуваат храна или да селектираат облека која особено во овој период кога драстично се намалуваат температурите дополнително го усложнува патот на мигрантите, особено на оние кои со денови заглавија на јужната граница. Бегалците вели се немоќни и несреќни луѓе кои судбината ги натерала да заминат од своите домови и несака да ги гледа поинаку.
“Мислам дека неправедно се поистоветуваат со некои радикални структури бидејќи овие луѓе со себе ги носат своите семејства на една макотрпна и тешка рута која нималку не е безбедна. Има и дечиња кои патуваат сами бидејќи родителите имале само толку пари колку да ги спасат од хаосот и мизеријата. Замислете колку е тешко за едно дете да тргне на вакво патешествие, само, незаштитено, честопати болно и изморено. Очај и молба за спас, јас тоа го гледам во нивните очи. Сведок сум на мирољубива револуција на свеста изземена од националност и религија. Од друга страна надлежните треба да за засилат контролата и проверката. Но несмее да постои генерализирање за сите луѓе”-вели активистката Габриела Андреевска.
Македонски активисти во Идомени!
Таа неколкупати оди и од другата страна,во кампот Идомени во соседна Грција. Таму се вели и луѓето кои пред неколку дена во знак на револт си ги зашија устите. Овој чекор според неа доаѓа поради неправедноста на европските политики да ги спречат таканаречените економски мигранти да транзитираат до некоја од западноевропските земји. Затоа во знак на солидарност и подршка таа и неколкумина други активисти ги посетуваат и на другата страна.
“Правото за азил треба да им биде достапно на сите. Неправедно се етикетираат овие луѓе кои делат иста, па дури и полоша судбина од Сиријците, Авганистанците.Новонастанатата состојба дополнително го усложнува нивниот пат кој закочи токму на јужната граница. Затоа во очите на овие луѓе ние сме лошите кои не им даваме да го поминат патот. Во кампот Идомени на грчката страна кој е од отворен тип и слободно може да влезе секој граѓанин кој сака да им помогне, доаѓаме скоро секој ден. Се координираме со хуманитарците кои таму работат на терен. Има греење во кампот, многумина палат огнови надвор. Неможе со неколку зборови да се опише оваа состојба, бидејќи навистина нивниот пат е измачување.На дожд, ветер и ниски температури тие бараат само едно- нова шанса”- вели Андреевска.
Потребни се инвалидски колички!
На терен, додава повеќе од потребни се инвалидски колички. Со хуманитарците од јужниот сосед бараат начин за помош од повеќе европски организации како полесно да се намалат и поминат бирократските процедури и помошта да стигне за најранливите катергории. Во кампот во Гевгелија, според Андреевска има добра координираност и организација, но сеуште вели недостасуваат услови. Па така некој ќе успее да најде место на клупа, но многумина остануваат надвор.
“Има многу инвалиди, жени и деца. Бидејќи не сме членка на ЕУ малку е потешко да се добие хуманитарна помош во инвалидски колички на пример. А, навистина се потребни. Со колегите од грчка страна очекувам денеска да најдеме начин оваа помош да стигне кај нив па потоа полесно да се распредели кај бегалците. Условите во прифатниот камп кај нас се тешки. Потребна е поголема помош, греење, опрема за сместување за да се одморат, да поспијат. Првично да се заштитат од дождот има даваме кабаници, мантили, ќебиња и облека, но често кога ќе снема ресурси земаат и обични кеси и мушами. Кој како се снаоѓа. Често гледам мали деца како заспиваат на отворено, а перница им се камењата. Неможат да останам мирна на ваквите глетки ” -додава хуманитарката Андреевска.
За таканаречените економски мигранти кои доаѓаат од посиромашни земји во кои нема безбдедносни закани повеќе од една недела се затворени границите кон Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Тие се упорни во намерата да стигнат во Западна Европа. Македонската полиција го презема овој чекор откако границите почнаа да ги затвараат и другите европски држави. Според македонските власти во земјава влегуваат над 2 илјади луѓе за кои треба време да се регистрираат.
Мигрантите се враќаат по македонските патишта!
Полицијата забележала пораст на илегалните минувања надвор од котата 59 кај пругата во Гевгелија, па поради тоа е зголемено присуството на специјалните сили и војници за обезбедување на границата. Се пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганиста, додека економските мигранти од невоените подрачја од Иран, Бангладеш, Пакистан, Мароко, Алжир и другите земји остануваат заглавени на македонско-грчката граница. Деновиве по македонските патишта се забележуваат мигранти кои некако успеале да ја минат граничната линија и пеш го продолжуваат патот.
“Има многу мигранти кои продолжуваат пеш и наши екипи излегуваат на терен да им дадат хуманитарна помош. Покрај стравот дополнителен проблем е и тешкиот пат. И да ја поминат земјава, ги чека двојно поголем пат низ Србија, Унгарија, Хрватска. Која и да е рутата е долга и тешка. Повторно се навраќаме на проблемот пред донесувањето на Законот кој го имавме пред почетокот на летото кога илјадници поминуваа пеш низ земјава. Бегалците не сакаат да останат овде, сакаат што побрзо да ја поминат земјава и да продолжат понатаму” -нагласува Андреевска.
Оваа хуманитарка има големо срце и емоции коe несебично ги дели со бегалците и нивната мака. За неа нема националност, религија,етничка припадност, богати ниту сиромашни- туку само луѓе. Пред десетина дена во знак на солидарност таа со боси нозе го помина протестниот марш за подршка на бегалците по скопските улици. Студениот асфалт и прашината вели се секојдневие за овие луѓе кои никогаш не се пожалиле, ниту сакаат да го нарушат комодитетот на граѓаните кои нивната судбина ја гледаат од дома, а други несакаат ниту да знаат каква е нивната судбина. Бегалците според Андреевска сакаат и заслужуваат само едно-можност за подобра и побезбедна иднина.

Слично