Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Херитиџ“: Македонија има економски слободи, ама и проблеми со корупцијата

„Херитиџ“: Македонија има економски слободи, ама и проблеми со корупцијата
На 43-тото место од вкупно 180 земји во светот се најде Македонија на најновото рангирање за економски слободи, што го прави американската „Херитиџ фондација“. Индексот за економски слободи на земјава е најдобар во регионот, но ги покажува и истите слабости како претходните години. „Корупцијата е сериозен проблем, особено во јавните набавки. Спроведувањето на антикорупциската регулатива е слабо. Владата не ја спроведе стратегијата за реформи во судството. Несигурноста во регистрирањето на недвижен имот и поседување на земја, продолжува да ја поткопува економската слобода. Барањата и процедурите за започнување бизнис се намалени, но добивањето дозвола за почнување на бизнис може да чини пет пати повеќе од просечниот годишен приход. Владата се обиде да ја задржи фискалнта дисциплина на ниво на членство во еврозоната, но во 2013 ги зголеми земјоделските субвенции, социјалните трансфери и пензии“, стои во извештајот. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рангирањето е потврда за економските политики. Тој оцени дека е направен значаен напредок и оти од 2009 година кога сме биле рангирани на 78 место сега има напредок од 35 места при последното рангирање објавено оваа година. „Бидејќи индексот за 2015 година ќе го опфати периодот јули 2013 до јули 2014 година верувам дека со реформите и мерките во овој период ќе успееме да оствариме напредок во повеќе области и во следната година ќе бидеме рангирани уште подобро иако и сегашното рангирање е исклучително задоволително и високо“, вели Ставрески. „Херитиџ фондацијата“ ги рангира земјите соред индексот на економски слободи во последните 20 години.
Слично

Поврзани вести