Хералдичарите ја поддржуваат промената на државниот грб
Хералдичарите сметаат дека е оправдана промената на државниот грб на Република Македонија, што ја предлага Владата. Според македонското хералдичко здружение, отстранувањето на црвената петокрака во 2009 година воопшто не го промени социјалистичкиот изглед на грбот, туку само незначително го измени.
„Најкрупните елементи, сонце, житни класје поврзани со лента со народни мотиви останаа и целосно го дефинираат сегашниот грб како социјалистички. Претставата за социјалистичка земја од типот на Ангола и Северна Кореја воопшто не е одговара на реалноста“, сметаат хералдичарот Јован Јоновски.
Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа „посветлото опшество на комунизмот“ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците.
Хералдичките грбови се безвременски културолошки симболи за идентификација. Тие ги сплотуваат сите заедници и поединци во државната традиција. Сите европски земји денес поседуваат хералдички државен грб. Дури и земјите од поранешниот источен блок со настапувањето на демократските процеси се навратија на своите историски грбови, потсетуваат од здружениот на хералдичари.
Јоновски објаснува дека лав, орел и сонце се најчестите хералдички симболи на државните грбови. Предложениот лав на новиот македонски грб се разликувал од тој на ВМРО и на бугарскиот државен грб по повеќе елементи - боите, позицијата и деталите.
Црвениот разгневен лав во златно жолт штит и муралната круна во форма на тврдина за вицепремиерот Владимир Пешевски е национален симбол со трајни вредности и затоа била донесена оваа одлука.
„Националните симболи што ги имаше Република Македонија беа врзани со начинот на нејзиното општествено уредување и сметам дека е подобро е за секоја држава принципите на којшто се бираат националните симболи да бидат базирани не на некакви тековни случувања туку на трајни вредности, осносно на хералдиката“, изјави Пешевски.
На Владата сега во Собранието и треба 2/3 мнозинство за промената на симболот да стане официјална. Грбот на една држава (покрај знамето и химната) е еден од трите основни државни симболи што го одразуваат нејзиниот суверенитет и идентитет.Тој се наоѓа на сите документи за лична идентификација на граѓаните што ги издава државата, што го наметна прашањето дали ќе постои потреба истите да се менуваат со промена на грбот.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека потреба за промена ќе нема додека трае важноста на документот. По истекот, старите документи ќе се менуваат со нови на кои ќе биде ставен и новиот симбол доколку биде усвоен. Од независноста па се до 2006 година, насловната страница на пасошите на Република Македонија беше празна.
Потоа се воведоа новите пасоши на кои е втиснат стариот државен грб. На оваа едиција која е се уште во оптек, од 2010 година беше одземена петокраката од грбот.
(ФОТО) Јанкулоска има спремно решение – како ќе изгледа пасошот со новиот грб?
Слично
