Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХЕРА: Семејното насилство да се спречува со стимулативни, не со репресивни мерки

ХЕРА: Семејното насилство да се спречува со стимулативни, не со репресивни мерки
Семејното насилство мора да се пријавува, но не смее да има парични казни доколку некој не се осмели да го пријави, смета невладината Х.Е.Р.А., регирајќи на најавите дека соседите можат да заработат казна од 2.500 евра доколку не пријават семејно насилство. „ХЕРА се залага за стимулативни, а не за репресивни мерки. Ние се залагаме за подигање на свеста на граѓаните, тие да станат свесни за постоењето на семејното насилство и дека во такви случаи треба да се интервенира, но во никој случај не смее да има казни, ниту за граѓаните, ниту за институциите, или за невладиниот сектор“, велат од невладината организација. Притоа нагласуваат дека на членка на оваа невладина организација и се случило да пријави семејно насилство, а потоа да заработи кривична пријава за лажно пријавување.  
Слично

Поврзани вести