Хемиските напади во Ирак ги оштетуваат белите дробови на луѓето
Хемиските напади во Ирак ги оштетуваат белите дробови на луѓето, пишуваат светските медиуми.
Ракетите се истрелани од Исламска држава, и се полни со хемикалии, а властите молат за маски и воздушна стража. Според изворите, луѓето добиле проблеми на дишните патишта.
Од шиитската полиција во реонот побарале од властите да интервенираат и да обезбедат маски на населението. Инсистираат и да биде обезбедена противвоздушна стража, за да не бидат повторно цели на напади.
Шефот на Комитетот за човекови права во ирачкиот парламент, Аршад ал-Салха пак соопшти за смртта на едно дете, а причината според него е труење со хлор. Во четвртокот, ирачките власти соопштија дека има 409 жртви на напади со хемиско оружје.
Хемиското оружје доби значително ширење за време на Првата светска војна. Конвенцијата од Женева, потпишана во 1925 година, забрани негова употреба, но не и негово производство и складирање.
Во Втората светска војна хемиското оружје беше користено во масакрите извршени од режимот на Хитлер. Истото оружје го користеа и влади, но и терористи.
Слично
