Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хелсиншки: Да се отвори предмет за упадот во библиотеката и приведувањето на демонстрантите

Хелсиншки: Да се отвори предмет за упадот во библиотеката и приведувањето на демонстрантите

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права, бараат Обвинителството да отвори предмет за упадот на полицијата во Градската библиотека и приведувањето на демонстрантите на протестите на 5 мај против полициската бруталност.

До комитетот до сега се обратиле голем број граѓани кои се жалеле на прекумерена сила употребена од страна на полицијата.

Тие се жалат дека полицајците биле насилни, ги легитимирале и претресувале речиси сите присутни и барале да признаат дека се демонстранти. Но, бидејќи сметаат дека институциите не можат да ги заштитат, од сите кои се пожалиле во Хелсиншкиот комитет, само едно лице одлучило правдата да ја бара на Суд.

За случајот со библиотеката, Од Јавното обвинителство информираа дека отвориле предмет и дека веќе постапуват по поднесената кривична пријава против непознати сторители припадници на ЕБР.

Слично

Поврзани вести