Хазири тема на разговор во ад хок телото – чекор до официјалното комплетирање
Ад хок телото за мониторинг на медиумите денеска во 12 часот ќе се состане и ќе разговара за петтиот колега Љуљзим Хазири, НВО активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар.
Последниот член на ад хок телото беше избран вчера со политички договор. Партиите вчера на лидерската средба одлучија за петти член да биде назначен Хазири.
Откако ад хок телото и официјално ќе биде комплетирано, ќе треба да донесе деловник за работа и да почне да ги разгледува извештаите од мониторингот што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми.
Во текот на вчерашниот ден четирите членови кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не постигнаа консензус за избор на последниот член, по што прашањето беше отворено на лидерската средба.
Ова тело ќе треба да ги следи медиумите во предизборието и да казнува доколку има прекршувања.
Рокот за комплетирање на телото беше пробиен.
