Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хаварија во РЕК Битола – три блока не работат

Хаварија во РЕК Битола – три блока не работат

Од СДСМ денеска реагираа дека во РЕК Битола се случила хаварија на Блок 2.

Од партијата велат дека по оваа хаварија, од денеска па во наредните денови целокупниот капацитет на термоелектраната Битола е надвор од енергетскиот капацитет на Република Македонија.

„Веќе подолго време надвор од функција се блоковите 1 и 3. Неодговорноста и неспособноста го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава. Јавноста, граѓаните, очекуваат одговорност. Кој ќе ја понесе одговорноста, со име и презиме, за ваквата катастрофалната состојба во РЕК Битола?“ - велат од СДСМ.

Од ЕЛЕМ потврдија дека навистина има хаварија во РЕК Битола.

„Се очекува TE Битола 3 да биде приклучена на електроенергетскиот систем најдоцна до крајот на денешниот ден, додека соодветно на однапред утврден гантограм на активности Битола 1 ќе биде вклучена во текот на утрешниот ден“ - стои во соопштението.

АД ЕЛЕМ сите неопходни количини од електрична енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ги испорачува од сопствените производни капацитети, додаваат во соопштението.

Слично

Поврзани вести