Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАТИЏЕ ТОПАЛИ НА МЕСТОТО НА БЕСНИК БРАИМИ - промени во Надзорниот одбор на АД Аеродроми на РСМ

ХАТИЏЕ ТОПАЛИ НА МЕСТОТО НА БЕСНИК БРАИМИ - промени во Надзорниот одбор на АД Аеродроми на РСМ

Акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на Република Северна Македонија, преку Берзата објави промени во органите на управување. 

Имено, Хатиџе Топали ќе биде нова членка на Надзорниот одбор на ова државно АД, откако самата Влада со Одлука го отповикала досегашниот член Бесник Браими. 

Промените се запишани и во Централниот регистер на земјава. 

Неодамна за директорка на ова акционерско друштво беше избрана Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново, што предизвика доста реакции во јавноста во врска со нејзиното образование, на што потоа премиерот Димитар Ковачевски одговори дека таа е избрана од Надзорниот одбор на тоа АД, токму врз основа на универзитетската диплома што таа таму ја има поднесено. 

Слично

Поврзани вести