Хасипи смета дека зад воениот удар стои надворешен фактор
Турците во Македонија преку мирни собири пред амбасадата во Скопје ја изразуваат својата солидарност со Владата во Турција.
Лидерот на Демократската партија на Турците, Кенан Хасипи вели дека неуспешниот пуч е обид за насилно симнување на власта според сценарио смислено од надворешен фактор.
„Kраткотраен застој во однос на економијата е сосема очекуван, но ваквото брзо разрешување на ситуацијата нема битно да влијае на македонско-турските односи“ – вели Хасипи.
Тие веќе два дена преку мирни собири пред амбасадата во Скопје ја изразуваат својата солидарност со турскиот народ.
Слично
