Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хашим Тачи притворен во Хаг заедно со Весели, Салими и Красниќи

Хашим Тачи притворен во Хаг заедно со Весели, Салими и Красниќи

Поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Салими, обвинети за злосторства против човештвото во Косово и Албанија, се притворени вечерва од Судот за злосторства на ОВК во Шевенинген, соопшти судот.

Тачи, Весели и Селими пристигнаа со авион од Приштина откако беа информирани дека судијата на претходна постапка го потврди обвинението против нив.

Во судското соопштение се вели дека тие биле „уапсени“.

Обвинението го опфаќа и Јакуп Красниќи, кој вчера беше уапсен во Приштина и пренесен во Хаг, се вели во соопштението.

Како членови на групата ОВК Дреница, тие се обвинети за убиство, насилно грабнување, прогон и тортура по 10 точки.

Овие злосторства се квалификуваат како злосторства против човештвото и воени злосторства.

Судот вечерва објави дека злосторствата од обвинението се извршени од март 1998 година до септември 1999 година во Косово и Албанија.

Во обвинението се наведени „незаконско или произволно апсење и лишување од слобода, суров третман, тортура и убиство“ како воени злосторства и „затвор, други нехумани дела, тортура, убиство, присилно грабнување и прогон“ како злосторства против човештвото.

„На повеќе локации низ Косово, како и во северна Албанија, припадниците на ОВК извршија злосторства според обвинението против стотици цивили и лица кои не учествувале во воените дејствија“, се вели во соопштението на судот.

Судот наведува дека „жртвите биле лица осомничени дека не ја поддржувале ОВК, а подоцна и привремената влада на Косово“.

Овие беа: "Србите, Ромите и Ашкалите; католици; цивили за кои се верува дека соработувале или комуницирале со српските власти; Албанците кои ја поддржувале или биле поврзани со Демократската лига на Косово, како и со други партии за кои се сметаше дека се против ОВК “, додаде тој.

Според обвинението, жртвите биле и „Албанци кои не се приклучиле на ОВК или не ја поддржувале ОВК и лица кои се сметале за противници на ОВК врз основа на нивното сегашно или поранешно убедување“.

Судот најави дека наскоро ќе објави кога обвинетите за прв пат ќе бидат изведени пред судијата на претходна постапка.

Според судските правила, обвинетите мора да бидат изведени пред судија „без непотребно одложување“.

Главниот обвинител Џек Смит го поднесе обвинението на 24 април, а судијата го потврди обвинението на 26 октомври, точно шест месеци по поднесувањето на предлогот.

Обвинението се темели на извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторствата на ОВК во Косово и Албанија од 1998 до 2000 година.

Во тој извештај од 2011 година, Марти го идентификуваше Тачи како водач на групата Дреница на ОВК, која држеше, мачеше и убиваше заробени Срби во нехумани услови во импровизирани логори во Албанија, како и Албанци и Роми кои ги сметаше за нелојални.

Во извештајот, Марти навел веродостојна информација дека на некои од заробените Срби во Албанија органите им биле отстранети постхумно, а потоа биле продадени на црниот пазар за трансплантација.

Во извештајот на Марти, Весели беше наречен „оска“ на групата Дреница, која беше опишана како криминална организација што се занимаваше со трговија со дрога и луѓе и други форми на криминал.


Слично

Поврзани вести