Хашим Тачи: Ќе ги тужиме Србите за геноцид, имаме докази!
Хашим Тачи во интервју за Агенцијата Анадола, изјавил дека постојат докази за Србија која во текот на 1998-99 година направила геноцид на Косово и дека за тоа ќе одговара пред меѓународниот суд на правдата.
Претседателот на косовската влада и министер за надворешни работи, Хашим Тачи изјавил веднаш по посетата на Турција, дека Србија во војната 1999 година направила геноцид, и дека според тоа Косово ќе ја тужи Србија.
„Зборуваме и работиме на тоа. Србија дефинитивно направила геноцид на Косово. Имаме докази за тоа, имаме изјави за тоа и цел свет го знае тоа“, изјавил Тачи додавајќи дека Косово ќе поднесе барање до меѓународниот суд за правда по разгледување на внатрешните и меѓународни околности.
Единствен проблем на спореведувањето на одлуката на Тачи е тоа што Косово не е членка на Обединетите нации.
Хашим Тачи тврди дека денешните југословенски вооружени сили убиле повеќе од 10.000 косовски Албанци, додека 1.700 се водат како исчезнати.
По повод масовното иселување на луѓето од Косово, Тачи негира дека избегале толку луѓе и додава дека тоа е случај и со сите околни региони како што се Македонија, Албанија, Црна Гора...
Исто така Тачи во интервјуто ги предупредил граѓаните на Косово дека имаат мали шанси да добијат азил во земјите од Европската Унија, и додал дека сите кои илегално заминале во ЕУ ќе бидат вратени на Косово.
