Хашим Тачи: Ако не постигнеме спогодба со Србија, ќе бидеме како Палестина
Косовскиот претседател Хашим Тачи повторно ги повика сите албански политички партии да се ангажираат за дијалогот со Белград, бидејќи во спротивно ќе бидат втора Палестина.
На вонредната конференција, тој истакнал дека дијалогот минува низ „тешка“ фаза, но дека е спремен за финиширање на дијалогот.
„Косово треба да се насочи кон ЕУ, НАТО и меѓународните институции. Дијалогот треба да има реципрочно признавање, во спротивно нема да има компромис“, истакна Тачи.
Тој потврди дека Приштина ја има поддршката од САД и сојузниците и дека спогодбата ќе биде во согласност со евроатланските вредности.
Слично
