Хасановиќ нема намера да му враќа пари на МНР?
Амбасадорот во Катар Фуад Хасановиќ, кој е осомничен за финансиски малверзации и злоупотреба на државни пари, нема намера да ги враќа 50-те илјади долари што од него ги побарува МНР, тврди Утрински весник, повикувајќи се на неофицијални информации.
МНР ќе мора да покрене дисциплинска и друга постапка бидејќи Хасановиќ навестил дека немал намера да ги враќа парите што неговиот министер ги побара јавно, преку соопштение до медиумите.
Истовремено, тој најавил дека има намера да се врати на старотот работно место во Агенцијата за разузнавање, од каде што дојде во МНР во 2002 година како кадар на Лигата на Бошњаците.
Во МНР веќе е во тек уште една дисциплинска постапка против вршителот на должност амбасадор во Москва, Ненад Шундовски, кој пак се најде на удар бидејќи без добиена согласност си заминал на годишен одмор надвор од Русија, оставајќи ја обезглавена амбасадата.
Слично
