Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хартиените пари ќе исчезнат за 10 години

Хартиените пари ќе исчезнат за 10 години

Во рамките на панел дискусија за меѓународните финансии на Светскиот економски форум во Давос шефот на најголемата германска банка - „Дојче банк“ и британски инвестициски банкар Џон Крајан изјави дека хартиените пари ќе бидат целосно заменети со безготовински трансфери за 10 години.

„Дигиталните технологии и дигиталната валута ќе ги дематериализират познатите сегашни пари. Тие не само што се практични, но и многу повеќе заштитени, бидејќи ќе бидат „приврзани“ кон одредена личност и лесно ќе може да се следи нивниот пат“, рече уште банкарот.

Така многу полесно ќе се води и борбата против перењето пари, бидејќи трагите за трасфери ќе останат во банките и лесно ќе можат да се следат, пренесе Ројтерс.

Во дискусијата учествуваа шефот на „Morgan Stanley“ Џејмс Горман, претседателот на Одборот на директори на „Zurich Insurance Group“ Том де Сваан и шефот на ММФ Кристин Лагард.

Слично

Поврзани вести