Харадинај возврати на “ударот“ од Ердоган
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај со порака до претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган дека нема да му дозволи да се меша во внатрешните работи на Косово.
„Никогаш не сум се мешал во внатрешните работи на Турција. Никого не прашуваме кога ги решаваме работите во нашата куќа, туку правиме како што сакаме. Тоа треба да им биде јасно на сите“, изјави Харадинај.
Изјавата е одговор на критиките што кон него ги упати Ердоган откакао Харадинај ги смени министерот за внатрешни работи Флаг Сефај и директорот на тајната служба Дритон Гашо по акцијата за апсење и протерување на шест лица кои Турција ги обвинува за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој според Анкара стои зад неуспешниот обид за воен удар од јули 2016 година.
