Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај вели дека Србија ќе го признае Косово

Харадинај вели дека Србија ќе го признае Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели  дека дијалогот со Србија ќе заврши со заемно признавање.

„Дојде време Владата да му достави на Собранието платформа за дијалог, која ќе биде усвоена како резолуција во косовскиот парламент“- рече Харадинај.

Тој најави дека за платформата ќе го информираат косовскиот претседател Хашим Тачи, кој го води политичкиот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Претставниците на опозицијата во косовскиот парламент се спротивставуваат дијалогот да го води Хашим Тачи и бараат јасна платформа за дијалог.

Слично

Поврзани вести