Харадинај тврди дека сега безбедноста на Балканот е најкревка во последните 20 години
Безбедноста на Балканот е најкревка во последните две децении, вели екс косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај му порача на актуелниот премиер Албин Курти дека неговата партија е подготвена за сојузништво со Владата, заради соочување со безбедносните предизвици со кои се соочува Косово, но и целиот регион, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Косово денес е соочено со големи предизвици кои се однесуваат на неговата иднина. Нормално, најголем предизвик е финалниот договор со Србија, кој по сé изгледа е влезен во својата завршна фаза“, напиша Харадинај.
Вели дека Косово денес го нема комодитетот на дебати ниту за повлекување, ниту за оставки, ниту пак за нови избори. Во регионот, неодамна имаше политичка криза и во БиХ. Во неколку наврати годинава беше напнато на северот на Косово.
