Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај се заканува дека нема да бара дозвола за обединување со Албанија

Харадинај се заканува дека нема да бара дозвола за обединување со Албанија

Не ни треба дозвола од Србија за обединување со Албанија, вели  лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај. 

Тој денеска изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не е поврзано со договорот што треба да се постигне со Белград. Вели дека тоа е внатрешна одлука на Косово.  Тој објасни дека барањето за обединување со Албанија се разликува од барањето од минатото, затоа што претходно се бараше ЕУ да добие одобрение од Србија, а сега тоа не се бара. Харадинај вели дека ако Косово не напредува и има пречки од Србија, ќе направат референдум за обединување. 

САД и Европа се против обединување на двете земји. Харадинај веќе беше опоменат од Европската Комисија за ваквите изјави кои му штетат на регионот. 

Aмериканците имаат план за српско - косовскиот спор. Се појави нов документ со три американски предлози за Србија.

Во Вашингтон се појави нов документ за решавање на прашањето на односите на Србија и Косово, зад кој стои човек на поранешниот американски претседател Барак Обама, јавуваат српските медиуми.  Има три можности за договор меѓу Белград и Приштина, но се истакнува и дека „ниедна не е идеална“.

Слично

Поврзани вести