Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај се закани дека ако не влезат во НАТО и ОН ќе формираат Голема Албанија

Харадинај се закани дека ако не влезат во НАТО и ОН ќе формираат Голема Албанија

Ако не влеземе во ОН и НАТО, ќе се приклучиме на Албанија, се заканува косовскиот политичар Рамуш Харадинај. 

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оваа идеја ја отвора повторно во јавноста. 

„Ако не добиеме заслужено место во ООН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејства, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме на нашето албанско семејство“, рече Харадинај. 

Вели дека Косово има долга историја, и Косово им припаѓа на неговите граѓани илјада години. Тој и претходно се закануваше дека ако за неколку години не напредуваат, ќе формираат Голема Албанија. На ова реагираа од Европа, и кажаа дека ваквите идеи не се конструктивни за регионот. 

Слично

Поврзани вести