Харадинај се закани: Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово
Белград ќе биде бомбардиран доколку само еден српски војник влезе во Косово, се закани екс косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Тој вели дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово.
„Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Доколку српски војник помине на територијата на Косово, Белград ќе биде бомбардиран, а не која било друга територија“, рече Харадинај, пренесува „Новости“.
На изјавите на Харадинај денеска одговори Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, кој изјави дека „Белград ќе го зачува мирот“.
„Во време кога целиот свет се соочува со криза без преседан, албанските политичари продолжуваат да упатуваат закани. Додека Харадинај, Курти и другите во Приштина ќе бидат бомбардирани, Белград ќе ги зачува мирот и стабилноста“, напиша Петковиќ на Твитер.
Вучиќ прво праша кој тоа ќе го бомбардира Белград, да не го бомбардира лично Харадинај.
„Сега сериозно. Немам коментар на бесмислици и глупости. По тоа се гледа што тие сакаат. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, тоа е за нас најважно“, вели Вучиќ.
Рече дека нивната сила е и нивна војска, а таа ќе биде посилна.
