Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај не гледа решавање на спорот меѓу Србија и Косово без американско вмешување

Харадинај не гледа решавање на спорот меѓу Србија и Косово без американско вмешување

Екс командантот на ОВК и најверојатно иден премер на Косово, Рамуш Харадинај смета дека единствено со вмешување на САД може да се реши проблемот меѓу Србија и Косово.

– Европа не може сама да го реши проблемот без вклучување на САД. Америка мора да се врати во дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна Харадинај за приштинската ТВ КЛАН.

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово додаде дека не е против дебата со Белград бидејќи дијалогот е „инструмент за прашањата меѓу соседите“.

Харадинај посочи дека нема да прифати нееднаков дијалог, „без реципроцитет“, како и дека со „Србија не може да се разговара за интерни прашања и теми за Косово“.

Харадинај е кандидат за премиер на коалицијата помеѓу Алијанса за иднината на Косово, Демократската партија на Косово и Иницијатива за Косово, а Србија го обвинува за злосторства над српското и неалбанското население за време на војната.

Слично

Поврзани вести