Харадинај напиша колумна за Вашингтон Пост
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај напиша колумна за Вашингтон Пост во која тврди дека Србија бара дел од Косово за да го признае протекторатот како независна држава. Со тоа би се отворил патот Косово да биде признаен од Советот за безбедност во ОН и да конкурира за прием во НАТО и ЕУ.
Сепак, тоа според Харадинај е замка, бидејќи на тој начин може да се создаде феномен „мирно етничко чистење на Албанците“.
"Постојаните напади од Србија, чија цел е загрозување на нашиот суверенитет, безбедност и просперитет. Има некои кои би сакале да го видат Косово вовлечено во т.н. мирно "етничкото чистење на Балканот“. Непријателот сака да те залаже, божемски ти дава шанса насилството да престане. Ние нема да го сториме тоа. Наместо тоа, ние ќе се спротивставиме на оние кои се обидуваат да не искористат, а ние ќе работиме кон долгорочен и сеопфатен мир ", рече Харадинај.
Србија, како што тврди, сака да создаде етнички чиста држава, да ги лиши граѓаните од право на државјанство и да ги протера, што е "превисока цена“.
Косовски премиер Рамуш Харадинај, пишува во статија за Вашингтон Пост дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, наводно, со поддршка на Русија, нуди признавање во замена за дел од територијата на Косово.
Од Косово, Харадинај рече понатаму, се бара да направи невозможен избор Тој, исто така пишува дека Србија и нејзиниот сојузник Русија одбија да го признаат суверенитетот на Косово и се борат да го блокираат приемот на Приштина во ОН, а со тоа, како што вели тој, Србија го крши „договорот во Брисел“ за нормализирање на односите.
