Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај може да биде главен кандидат на косовската опозиција

Харадинај може да биде главен кандидат на косовската опозиција

Косовската опозиција размислува Рамуш Харадинај кој сеуште се наоѓа во притвор во Франција да биде нивни главен кандидат на можни предвремени парламентарни избори кои би се издејствувале поради несогласувањето со власта.

Харадинај, лидерот на Алијансата за иднина на Косово, во Колмар ја очекува одлуката на францускиот суд за тоа дали ќе биде ослободен и ќе се врати во Приштина или ќе биде екстрадиран во Србија. Одлуката треба да биде донесена на 27 април.

Србија го обвини Харадинај за извршување на воени злосторства.

– Убеден сум дека во моментов најсериозна кандидатура, најсигурна и најдобра, е понудата на господинот Харадинај, идниот премиер на Косово, изјави лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Лјимај, најавувајќи ја можноста Харадинај да биде единствениот кандидат на косовската опозиција на евентуалните вонредни парламентарни избори во Косово.

Лјимај објасни дека следните две недели се клучни за тоа дали во Косово ќе бидат одржани вонредни избори.

Косовските медиуми јавија дека Инцијатива за Косово наводно уште од утре ќе започне со собирање на потписи за изгласување на недоверба за косовската Влада.

Извор: tv21.mk

Слично

Поврзани вести