Економија, финансии, бизнис

Контакт

Харадинај им се закани на косовските Срби - ќе следи одговор ако прогласат автономија

Харадинај им се закани на косовските Срби - ќе следи одговор ако прогласат автономија

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај денеска ги предупреди Србите од северно Косово дека Приштина ќе одговори на нивниот можен обид за прогласување на автономија.

Тој рече дека нема да се толерира кршењето на косовските закони.

„Никој нема право да презема унилатерални акции“- кажа Харадинај на конференција за печатот. 

Харадинај најави и дека работната група утре ќе може да го поднесе извештајот за нацртот на статутот на Заедницата на српски општини. Според него, досега се чекало на исполнување на таа обврска од договорот од Брисел, со цел властите во Приштина да бидат „сигурни дека статутот на ЗСО е во рамките со косовските закони“. Како што јави Танјуг, медиумите во Приштина наведуваат дека причина за одржувањето на денешната седница на Совет за национална безбедност се наводните информации дека Србите во северно Косово утре ќе прогласат автономија, поради неформирањето на ЗСО од страна на Приштина.

„Секогаш сме го поздравиле пристигнувањето на секој граѓанин на светот во кој било дел од Косово, а секој што влегува на територијата на Косово, со цел на нарушување на јавниот ред и мир, ќе добие одговор во согласност со законот“- изјави Харадинај.

Тој со ова им се закани на косовските Срби. 

Слично

Поврзани вести