Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО ДАЛМАЦИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО - дел од патишата се затворени, авионите принудно слетуваат во Бари

ХАОС ВО ДАЛМАЦИЈА ПОРАДИ НЕВРЕМЕТО - дел од патишата се затворени, авионите принудно слетуваат во Бари

Хрватскиот авто-клуб (ХАК) на својата веб-страница објави дека поради бурните ветрови за сите групи возила затворени се автопатот А1, Јадранска магистрала, мостот Д-р Фрање Туѓман во Дубровник и обиколницата Омис.

Вечерњи лист пренесува дека авиосообраќајот бил во прекин поради силниот ветер кој го зафатил подрачјето на Дубровник, а три авиони кои требало да слетаат на дубровничкиот аеродром „Руѓер Бошковиќ“ се пренасочени кон италијанскиот град Бари.

Станува збор за авионите на „Изи Џет“ и „Бритиш ервејс“ од Лондон, како и на „Рајан“ од Берлин.


Во дубровничката област засега нема прекини во поморскиот сообраќај.

Полициската управа Сплит-Далмација известува дека во 11:20 часот поради силни налети на ветерот, обиколницата Омиш DC 553 била затворена за секаков сообраќај, а возилата биле пренасочени во DC 8, преку градот Омиш.

Авионите на Ryanair од Стокхолм, Виена и Краков, KLM од Амстердам и Croatia Airlines од Франкфурт и Загреб се пренасочени кон Сплит, а летот на Austrian Airways од Виена е откажан, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Дубровник.

Голем број летови од Дубровник до европските дестинации се откажани или одложени.


Слично

Поврзани вести