ХАОС ВО БЕЛГРАД: Примила бездомник дома, и ја запалил зградата?!
Голем пожар избувна во висококатница во Нов Белград околу пладне денеска, при што три лица биле префрлени на Токсикологија заради труење со јаглерод моноксид. Состојбата на една од повредените е потешка.
Огнената стихија започнала во еден од становите, но многу брзо зафатила уште три стана.
Според станарите, пожарот избувнал кога една од сопственичките на становите во домот примила бездомник. По извесно време со него започнала кавга, а бездомникот се обидел да го демолира стаклото на влезната врата во зградата и лифтот во кој го искршил огледалото.
Станарите повикале полиција, која интервенирала заради нарушување на јавниот ред и мир, но само што си заминала полициската патрола, во станот избувнал пожар, кој започнал неконтролирано да се шири.
Сопственичката на станот од кој почнал пожарот во тој момент не била дома, а во пожарот биле повредени мајка и дете и една студентка. Противпожарните екипи се уште ги пребаруваат сите станови за да видат дали можеби во зградата има онесвестени и други лица со труење од јаглерод моноксид.
По увидот конечно ќе се знае дали пожарот настанал од негрижа или намерно бил подметнат.
Слично
