Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Престрелка во бар, загина жена, има и повредени

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Престрелка во бар, загина жена, има и повредени

Жена загина и неколку други лица се ранети по пукање во бар во белградската населба Вишњичка Бања. 

Белградски медиуми јавија дека пукањето се случило денеска околу 14.30 часот откако непознати напаѓачи упаднале во барот и отвориле оган.

„Имаше пукање од неколку страни, трчаа одоздола и од оваа страна, во близина на кафулето. Имаше луѓе на улицата и на автобуската станица, сите избегаа. Имаше седум или осум истрели, тоа беа единечни истрели“, раскажуваат очевидците за Нова.рс.

Според медиумите, ранети се најмалку пет луѓе. Полицијата во моментот врши истрага.

ПОЛИЦИЈАТА НИЗ БЕЛГРАД ГИ БАРА НАПАЃАЧИТЕ: Жената која била без знаци на живот реанимирана

Слично

Поврзани вести