ХАОС ВО БЕЛГРАД: Автомобил удрил во група луѓе - повредените префрлени во болница
Автомобил удрил две жени кои биле на печаката зона во белградската населба Бањица, на улицата Бахтијара Вагабзаде, дознава Танјуг.
Од Одделот за итни случаи изјавија за Танјуг дека жена на возраст од околу 55 години е однесена во Итниот центар, додека друга екипа е на терен.
Возачот возел Голф.
Полицијата работи на утврдување на сите околности на инцидентот.
Видеата на социјалните мрежи покажуваат дека Голфот удрил во улични продавачи кои биле на тротоарот.
Од Одделот за итни случаи изјавија за Танјуг дека две жени на возраст од околу 55 и 81 година се однесени во Итниот центар, додека 24-годишен маж е прегледан на лице место.
Според првичните информации, жените се здобиле со полесни повреди.
Возачот останал на местото на настанот, каде што полицијата моментално врши истрага.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
