Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАОС СО ВАКЦИНИТЕ ВО ХРВАТСКА! Граѓаните еден врз друг пред саемот во Загреб за да дојдат на ред

ХАОС СО ВАКЦИНИТЕ ВО ХРВАТСКА! Граѓаните еден врз друг пред саемот во Загреб за да дојдат на ред

Од утринава вакцинацијата против корона вирусотво Хрватска која се спроведува на саемот во Загреб е во тотален хаос, пренесува Јутарњи лист.

Медиумот наведува дека лекарите од семејната медицина испратиле повик за вакцинација до граѓаните, без претходно да ги внесат нивните податоци на платформата https://cijepise.zdravlje.hr/, па вработените на саемот во Загреб морале рачно да направат измени во системот за луѓето да можат да се вакцинираат. Како резултат на тоа, настанал вистински хаос и неверојатна гужва.

Денес треба да се вакцинираат 4.000 лица, што е најмногу од почетокот на вакцинацијата во оваа земја и сите ќе добијат вакцина Фајзер.

Инаку, според изјави на сведоци, се чека отприлика еден час, а дел од граѓаните велат дека биле регистрирани за АстраЗенека, но се откажале па сега чекаат да ја примат Фајзер

Голем дел од граѓаните кои чекаат пред саемот се лути поради огромните редици во кои е скоро невозможно да се придржуваат кон епидемиолошките мерки.

- Срамота е за организацијата. Организацијата не е нула, туку катастрофа. Токму тука ќе се заразиме со корона вирусот, велат луѓето кои стојат пред загрепскиот саем.

ФОТО/Принтскрин Youtube

Слично

Поврзани вести