Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан знае дека еден од главните предизвици ќе му биде да најде решение за Македонија

Хан знае дека еден од главните предизвици ќе му биде да најде решение за Македонија
Новиот еврокомесар за европско соседство и преговори за проширување Јоханес Хан пред европарламентарците денеска најави дека еден од главните предизвици ќе му биде да најде решение за блокадата на Македонија во Европската унија. Хан денеска одговараше пред европарламентарците за неговите приоритети во претстојниот мандат. Притоа, грчките европратеници се интересирале и за неговиот однос кон статусот на Македонија. „Не е задоволително тоа што Македонија има статус земја-кандидат од 2005 година, а се уште нема започнато преговори за членство. Голем предизвик за мене е да најдам решение за ова прашање. Апетитот за реформи во Македонија е намален и тоа е голема грижа за која треба да најдеме решение во наредните пет години“, истакна Хан. Генерално, тој навести дека ќе бара од земјите кандидати подобрување на состојбите со демократијата, човековите права и функционирањето на институциите, поголема транспарентност во работењето на владите, зголемена соработка со невладиниот сектор и независност на медиумите. Хан уште еднаш повтори дека нема да има проширување на ЕУ во наредните пет години, за време на неговиот мандат, ако тој биде избран за одговорен за оваа област, повикувајќи се на изјавата на новиот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер.  
Слично

Поврзани вести