Хан загрижен за неуспешните преговори за изборните промени
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е загрижен од неуспехот на четирите главни партии во Македонија да се договорат околу Изборниот законик и идниот изглед на Државната изборна комисија и дека со тоа веќе изминуваат поставените рокови за целосно прифаќање на политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули.
„Комесарот Хан многу внимателно ја следи примената на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со актуелните продолжувања во донесувањето одлуки за клучните прашања. Тој е загрижен дека некои од роковите, кои се договорени од страна на политичките лидери не се исполнети. Потребно е итно да се оствари напредок за одлучување во врска со изборните реформи и создавањето на Државна изборна комисија, да се обезбеди правилно функционирање на Канцеларијата на специјалниот обвинител, како и формирање на парламентарната комисија“, изјавила портпаролката на ЕК, Маја Коцинчиќ.
Таа додала уште дека комесарот Хан се надева дека посветеноста на четирите политички партии во Македонија за спроведување на политичкиот договор ќе помогне за финализирањето на трансакциите на сите овие прашања во кратки рокови, бидејќи времето истекува.
